„Зачекори напред! Изборот е твој“- граѓански организации со кампања за референдумот

10.09.2018 15:46

Десетина граѓански организации почнаа кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“. Велат дека ќе се обидат на граѓаните да им ја доближат Европската унија и нејзините политики, и да ги претстават придобивките од евроатланската интеграција...

Десетина граѓански организации почнаа кампања. Рекоа дека на граѓаните ќе им обезбедат доволно информации за сите аспекти од референдумското прашање, за да можат, како што рекоа, на 30-ти септември да излезат да го искористат своето право на глас.

Кампањата според нив ќе опфати повеќе аспекти од влезот во ЕУ што ќе се одразат на секојдневниот живот на граѓаните.

Кампањата ќе се одвива преку ТВ спотови, анимации, фотофакти што ќе се објавуваат на телевизиите, радиостаниците, социјалните мрежи, а ќе бидат поставени и билборди.

 

Игор Панов