Средба на премиерот Заев со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот
10.09.2018 16:37
Констатирано е дека е потребна висока одговорност од сите субјекти во државата.

„Посветени сме да спроведеме комплетно регуларен, транспаретен и доверлив процес“, изјавил премиерот Заев на средбата со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Јан Петерсен. Констатирано е дека е потребна висока одговорност од сите субјекти во државата.
Заев тврди дека кампањата е едукативна, насочена кон објаснување на Договорот од Преспа и на придобивките од евроатлантските интеграции, но и за мотивација на граѓаните да излезат на референдумот.
Констатирале дека е важен извештајот што ќе го изготви ОБСЕ/ОДИХР, бидејќи Македонија очекува почеток на преговорите со ЕУ и отворање на поглавјата.
