Вес Мичел во четврток доаѓа во Скопје
Мичел на 13-ти септември, четврток, ќе допатува во Скопје, при што ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и со други високи функционери, на разговори околу поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум закажан на 30-ти септември...

Aмериканскиот Стејт департмент соопшти дека помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел на 13-ти септември, четврток, ќе допатува во Скопје, при што ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и со други високи функционери, на разговори околу поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и претстојниот референдум закажан на 30-ти септември.
Мичел исто така ќе се сретне со бизнис лидери и со членови на Парламентот, ќе размени мислења и ќе ја нагласи нашата поддршка на земјата, што се движи напред за да го заземе своето место во западното семејство, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Во македонската метропола Мичел ќе пристигне од Тбилиси, каде што ќе учествува на Меѓународната конференција за зајакнување на поддршката на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и нејзините аспирации за интегрирање во западните институции.
