Европски парламент

Ципрас: Договорот од Преспа е историски

11.09.2018 14:22

Во расправата за иднината на ЕУ во ЕП на која говореше грчкиот премиер Алексис Ципрас, тој нагласи дека договорот склучен со Република Македонија е голем успех на неговата влада, историски договор, кој очегледно е добра за двата народи ако се земат во предвид жестоките напади на кој тој е жртва во Грција, а Заев во Македонија.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, покрај економските успеси на неговата Влада, ги истакна и дипломатските успеси во регионот, осврнувајќи се пред се на Преспанскиот договор кој според негое „врвот на нашите напори“.

За земјите од Балканот, според него се отвора европската перспектива, ние постигнавме договор со нашиот северен сосед и воспставивме дијалог со Албанија, рече Ципрас нагласувајќи:

По 26 години доминација на национализмот, ние постигнавме договор со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог, овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион.

Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ го поздрави и Европската Комисија преку еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгогодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.

Поодршката на Преспанскиот договор  ја дадоа и најголемиот дел од европратениците, како лидерот на групата на европските социјалисти, Удо Болман, кој упатувајќи честитки нагласи дека неговата група ќе направи се за да тој биде успешно спроведен.

За Ска Келер од групата на Зелените „постигнатиот договор е пример дека може да се живее во мир и хармонија. Се разбира грчките европратеници од редовите на опозицијата директно го прозваа Ципрас да каже, како треба да му се обратат на премиерот Зоран Заев, кој во четврток ќе биде на неговото место, односно околу толкувањето на договорот.

Ципрас, на крајот од дебата одговори дека за неколку недели, се надева дека ќе може наскоро да му се обратат како премиер на Северна Македонија. Грчкиот премиер, притоа рече дека се надева дека наскоро ќе можат да му се обратат како  се досега Премиер на Северна Македонија.

Тој потсети дека 140 земји од светот, меѓу кои и најголемите САД, Кина, и Русија ја признаа Македонија под нејзизното уставно име, потстетувајќи понатаму на сардината и обврските кои произлегуваат од него за Република Македонија. А дека договорот е корисен за двете земји, според Ципрас сведочи фактот дека тој во Грција и Зоран Заев во Македонија се жртви на напади.

„Во Грција и ПЈРМ, Заев и јас сме жртви на страшни напади. Мицотакис во Грција и Мицкоски во ПЈРМ се конзервативни лидери од семејството на ЕНП, не обвинуваат со исти аргументи дека сме предавници, дека постигнавме негативен договор. Вие сте тие кои треба да оцените, но тоа покажува дека ние направивме нешто добро за нашите два народи, но тоа ние отвораме пат кон иднина за мир, соработка и  кохабитација на двата народи, тоа е историски пат и сум горд што успеавме во тоа“- рече Ципрас.

Говорот на Ципрас беше поздравен со аплауз од европратениците.

 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ