Медал за заслуги за Македонија за професорот Јован Павлевски
Академската кариера на професор Павлевски почнува во 1970-та на универзитетот во Руен. Потоа станува професор на универзитетот во Казабланка и на универзитетот „Рене Декарт“.
Претседателот Иванов му додели Медал за заслуги за Македонија на професорот Јован Павлевски. Академската кариера на професор Павлевски почнува во 1970-та на универзитетот во Руен. Потоа станува професор на универзитетот во Казабланка и на универзитетот „Рене Декарт“.
Ја основал издавачката куќа „Економика“ која прераснала во една од најголемите издавачки куќи во Европа и во светот. Носител е на повеќе врвни државни и академски одликувања во Француската република.
Во 1997-ма година е прогласен за Ввитез на редот на уметноста, а во 1998-ма, претседателот Жак Ширак го прогласил за Витез на редот на Легијата на честа.
