Матис и Мичел доаѓаат во Македонија за поддршка на референдумот

12.09.2018 10:47

Матис е вториот висок американски преставник кој неделава доаѓа во Македонија да ја искаже поддршката за референдумот. Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел утре доаѓа Скопје...

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, за викендов ја најави посетата на Македонија. Од Пентагон ја истакна подршката на САД за Македонија, и американските ставови против руската агресија.

Матис е вториот висок американски преставник кој неделава доаѓа во Македонија да ја искаже поддршката за референдумот.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел утре доаѓа Скопје. Ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и со други високи функционери, за поддршката на САД за Преспанскиот договор. Ќе има средби и со бизнис лидери и со членови на Парламентот.