Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас, се работи за иднината на нашите деца

12.09.2018 10:53

Се работи за иднината на нашите деца. Да излеземе на референдумот за европска Македонија, повика премиерот Заев во обраќање до јавноста...

Овој историски момент е поголем од нас, од нашите партии, кавги или лични инстереси. Се работи за иднината на нашите деца. Да излеземе на референдумот за европска Македонија, повика премиерот Заев во обраќање до јавноста.

На 30-ти септември, на референдумот, ние одлучуваме. Нашиот пат не е лесен, но добро знаеме што добиваме. Знаеме дека сме свои на своето, Македонци кои зборуваат признаен македонски јазик, граѓани кои се определуваат за подобар живот, со повисоки приходи, за добри работни места. Сето тоа во нашата убава Македонија, безбедна, сигурна, мирна, пријателска и стабилна. Европска, вели премиерот Заев.

Во преговорите и со договорот ние ги зачувавме нашиот јазик и националност, нашата култура, ја зачувавме и нашата историја. Но, со успешен референдум ние како држава ќе ја осигуриме засекогаш и нашата иднина, нагласува Заев во обраќањето до јавноста.