Рударите ќе одат порано во пензија
12.09.2018 11:05
Очекуваат од следната година, преку оваа мерка да се пензионираат повеќе од 100 рудари. Пропорционално се намалува и времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Рударите ќе одат порано во пензија, наместо на педесет и осум, од наредната година на педесет години. Владата ја донесе одлуката на последната седница.
Очекуваат од следната година, преку оваа мерка да се пензионираат повеќе од 100 рудари. Пропорционално се намалува и времето поминато на работа со бенефициран стаж.
Кога ќе навршат 40 години ќе можат да се пензионираат.
