Во јули издадени 276 одобренија за градење

12.09.2018 11:47

Според Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 се наменети за објекти од високоградба, 39 за објекти од нискоградба и 91 за објекти за реконструкција.

Во јули годинава во земјава биле издадени 276 одобренија за градење или за 34,6 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 648 станови со вкупна корисна површина од над 53 илјади метри квадратни во вредност од 4,6 милијарди денари, што е двојно повеќе во однос на ланскиот јули.

Според Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 се наменети за објекти од високоградба, 39 за објекти од нискоградба и 91 за објекти за реконструкција.

Кај 161 објект како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 115 инвеститори се правни лица.