Барса по осум од осум!

27.02.2014 15:38

Вечерашните четири натпревари од осмото коло во Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига уште еднаш ќе го стават на тест стопроцентниот ефект на Барселона.

Каталонскиот тим досега не потклекна ниту еднаш, а важи за фаворит и на гостувањето кај Анадолу Ефес, кој има само две победи во седум пресметки во овој сегмент од елитната конкуренција, а тоа значи дека е пред силен императив против „Блауграна“.

Во групата „Е“, Армани и Панатинаикос во меѓусебниот дуел во Милано ќе се борат за местото зад водечката Барселона. Две екипи имаат биланс 4-3, исто како и европскиот првак Олимпијакос кој утре ќе истрча на паркетот на Фенербахче. За влез во првата четворка на табелата, мечевите на конкурентите ќе се обиде да ги искористи Уникаха, но само доколку го добие шпанското дерби во салата на Уникаха.

Макаби ќе го пречека Галатасарај во единственото денешно соочување во групата „Еф“. Израелскиот состав забележа пет триумфи и два пораза, па со нов успех ќе направи огромна предност во трката за четвртфинале. Турскиот претставник има ефект 3-4.