Хашим Тачи повика да се гласа на референдумот
Претседателот на Косово, Хашим Тачи во посета на Македонија. Даде поддршка за решавањето на спорот со Грција...

Претседателот на Косово, Хашим Тачи во посета на Македонија. На платото пред Владата пречекан од премиерот Заев, со кого имаше тет-а-тет средба, по што следуваше состанокот на делегациите од двете страни.
Оцениле дека меѓу Македонија и Косово нема отворени прашања, но оти соработката треба да се продлабочи преку подобра инфраструктурна поврзаност, изградба на автопатот Приштина- Скопје, и преку формирање мешовит комитет. Наскоро ќе се одржи заедничка владина седница.
Заев рече дека Македонија посакува позитивно решение од дијалогот меѓу Косово и Србија, а Тачи даде поддршка за решавањето на спорот со Грција.
„Косово ве поддржува да се движите напред кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Ги повикувам со мојот скромен авторитет сите граѓани на Македонија да учествуваат и да гласааат „за“ на референдумот. Мислам дека ова е историски момент што би требало да се искористи“, рече Тачи.
Тачи се осврна и на односите помеѓу Белград и Приштина, посочувајќи дека нема да биде лесен процесот да се донесе конечна историска одлука и да се затворат прашањата на Косово и Србија, но, рече, затоа тука е дијалогот.
