Европски парламент

Јункер: ЕУ да дефинира „неотповиклив“ став за проширувањето кон Балканот

12.09.2018 12:56

Европската унија да биде единствена во пристапувањето кон Западен Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нејзиното опкружување- порача претседателот на Европската комисија, Јункер...

Западен Балкан не смееме да го изгубиме од вид, тој регион не може да се запостави, во спротивно  другите уште повеќе ќе го зголемат своето влијание, рече Јункер во говорот за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент.

Ние треба го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави Јункер во својот говор.

Јункер, понатаму истакна дека досегашните проширувања на ЕУ ги оценува како успешни, но дека сѐ уште „останува да се прават напори“, алудирајќи на проблемите со владеењето на правото во повеќе источноевропски земји како Унгарија, Полска и Романија, нагласувајќи притоа дека нема да има компромис со членот 7, кој се однесува на почитувањето на основните вредности на ЕУ.

Светот кој продолжува да се движи, стана нестабилен како никогаш досега. Надворешните предизвици со кои се соочуваме се зголемуваат од ден на ден. Ние не смееме да ги олабавиме нашите напорит  за пообединета и посилна Европа. Европа може да ја извезува стабилноста како што направивме со нашите проширувања. Проширувањата се успех, бидејќи со нив успеавме ја помиривме европската географија и историја“- нагласи Јункер.

Но, според Јункер, остануваат да се направат уште напори. Јункер во својот говор во неколку наврати ја истакна важноста на обединета Европската унија, кој треба да дејствува обединето.

 

Тони Гламчевски, допсиник од Стразбур за МРТ