Шефот на холандската дипломатија во посета на Македонија

12.09.2018 13:09

Има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Ова е нивна четврта билатерална средба за помалку од една година...

Шефот на холандската дипломатија Стеф Блок е во посета на Македонија. Има средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Ова е нивна четврта билатерална средба за помалку од една година.

Во тек се разговорите во министерството. Фокусот е ставен на развојот на политичките состојби во Македонија и на реформската ЕУ и НАТО агенда.