Конференција

Македонија се соочува хибридни закани од типот на црна пропаганда

12.09.2018 13:55

Безбедносните ризици со кои се соочуваат земјите, веќе не се конвенционални, туку хибридни. Најдобар начин земјите да се одбранат од нив е да го зголемат нивото на свесност, и да соработуваат со партнерите. Во Скопје конференција „Стабилизирачки ефекти од евроатлантската интеграција: Да работиме заедно против хибридните закани“.

За поголема стабилност и просперитет е потребно земјава да се потпира на три столба- демократијата, добри меѓуетнички односи и членството во ЕУ и во НАТО, оцени министерката за одбрана Шекеринска на конференцијата посветена на хибридните закани. Констатирано оти земјава не е имуна на оваа појава. Се води црна пропаганда, оцрнување на дел од државните и меѓународните институции, извртување на легитимните интереси на Македонија.

Претставниците од Партнерството за мир истакнаа дека покрај конвенционалните закани, земјава се соочува со безбедносни предизвици од економска и од технолошка природа.

Против новите закани, како што е кибер криминалот и радикализацијата, не може да се води борба со оружје и проектили и оттаму справување со нив е отежнато, оценуваат експертите. Клучот за успех е собирање и споделување информации со стратешките партнери.

 

Игор Панов