Влада на РМ

Ќе се носи Закон за висока раководна служба

12.09.2018 14:33

Преку нов закон, со јасни критериуми за избор на професионални раководни кадри, најави министерот Дамјан Манчевски. Тоа ќе значи чекори кон професионализација на администрацијата. Одобрена е и програма за 240 специјализации и 115 субспецијализации за сите здравствени установи во земјава...

Ќе се носи Закон за висока раководна служба, одлучи Владата. Оттаму велат, целта е поставување јасни стандарди и критериуми при изборот и разрешувањето на раководителите во институциите. 1.299 институции своите директори ќе ги добиваат преку Комисија за селекција на кандидатите, со што ќе се постигне професионализација на раководниот кадар издвоен од политичкото управување.

Владата на седница одобрила и програма за 240 специјализации и 115 субспецијализации за сите здравствени установи во земјава. Програмата следува по направените детални анализи за потребите од здравствен кадар.

На седницата помина и одлуката за бенифициран стаж за рударите. Отсега во пензија мажите ќе заминуваа со 40, а жените со 35 години работен стаж.

 

Миле Ристески