НБРМ
Каматата на благајничките записи останува 2,75%
12.09.2018 13:37
Сѐ уште постојат ризици и од домашното и од надворешните опкружувања. По слабиот економски раст во првиот квартал, во второто тримесечје растот на БДП значително се забрза на 3,1 насто...

Монетарната политика е соодветна на економските и финансиски услови, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 2,75 проценти, оцени Народна банка.
Сѐ уште постојат ризици и од домашното и од надворешните опкружувања. По слабиот економски раст во првиот квартал, во второто тримесечје растот на БДП значително се забрза на 3,1 насто, констатира монетарната власт со став дека не може да даде попрецизна оценка за состојбите во економијата, но најголем дел од податоците упатуваат на продолжување на поповолните движења и во овој квартал.
