Дипломатија

Блок: Граѓаните да ја донесат вистинската одлука за иднината

12.09.2018 14:51

Холандскиот шеф на дипломатија Стеф Блок е во државава. По средбата со министерот за надворешни работи Димитров потврди- Холандија останува догорочен партнер на Македонија. Договорт со Грција го оцени како историски чекор за затворање на долгорочниот спор...

Холандија беше и останува долгорочен партнер на Македонија. Направено е многу, но претстојат уште реформи во судството, разузнавачките служби, јавната администрација, борбата против корупцијата и криминалот. Ова е оценката на холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок по посетата на земјава.

Холандија ги оценува реформите на строг и фер начин, тоа ќе биде случај и со Македонија во процесот на евроинтеграција, изјави министерот за надворешни Димитров.

Договорот со Грција е огромен историски чекор за затворање на долгорочниот спор, останува на граѓаните да ја донесат вистинската одлука за иднината, изјави Блок.

Ирина Гелевска