Европски Парламент

Активиран членот 7 против Унгарија

12.09.2018 15:29

Станува збор за обвинувања за замолчување независни медиуми, активности против невладини организации и отстранување независни судии. Со тоа, Унгарија би можело да го загуби своето право на глас во сите институции на ЕУ.

Парламентот на Европската унија со 448 гласови „за“, 197 „против“ и 48 „воздржани“ ја активираше „процедурата за владеење на правото“ против унгарскиот премиер Виктор Орбан за поткопување на демократијата и кршење „заеднички вредности на ЕУ“.

Станува збор за обвинувања за замолчување независни медиуми, активности против невладини организации и отстранување независни судии. Со тоа, Унгарија би можело да го загуби своето право на глас во сите институции на ЕУ.

Членот 7, познат уште и како „нуклеарна опција“, првпат беше активиран лани во декември против Полска, заради неисполнети реформи во правосудниот систем, што од администрацијата во Брисел беше оценето дека го загрозиле владеењето на правото во државата.