Субвенции за набавка на добиток
Триесетти септември е последниот рок за поднесување на барања за субвенции за набавка на добиток. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на сретствата во висина од најмалку 50 проценти од вредност на инвестицијата или најмногу до 6,5 милиони денари по корисник.

Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници,со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи.
Последниот рок за поднесување на барањата е до крајот на овој месец, а субвенцијата се однесува за набавените животни од 1-ви до 30-ти септември 2017-та година и од јануари до крајот на овој месец.
Ставката за ко-финансирање се зголемува и изнесува 55 за млад земјоделец, 60 за неразвиените подрачја, па до 75 проценти за вложувањата во недостапни рурални заедници.
Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања од целата Програма за рурален развој.
Услов за добивање на субвенциите е земјоделецот да ги има намирено обврските за плаќање на закупнина, водарина и пашарина.
Методија Трајков
