Жан-Клод Јункер е фаворит за претседател на EK
Поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер стана фаворит за функцијата претседател на Европската комисија (ЕК), откако неговата кандидатура ја поддржа и германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Financial Times.
Најголемата и највлијателна партија во Европскиот парламент, Европската народна партија во март ќе го одржи својот конгрес во Даблин, на кој ќе го претстави својот кандидат за наследник на Жозе Мануел Баросо на функцијата претседател на ЕК. Јункер веќе најави дека ќе се бори за оваа функција.

Според информациите на весникот, Меркел телефонски разговарала со Јункер и му рекла дека ќе го поддржи на претстојниот конгрес. Поддршка за Јункер дале и лидерите на централнодесничарската влада во Европската унија.