Заев и Могерини од Стразбур заедно во Скопје

13.09.2018 14:49

Од Брисел велат, целта на посетата на Могерини е да разговара за иднината на односите и за перспективата на интеграцијата на земјава во Унијата.

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини денеска е во Македонија на средби со државниот врв. Предвидено е да разговара со премиерот Заев, претседателот Иванов, како и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Од Брисел велат, целта на посетата на Могерини е да разговара за иднината на односите и за перспективата на интеграцијата на земјава во Унијата.

Владата најави дека Могерини и Заев ќе ја посетат старата Скопска чаршија.