Одложено рочиштето за предметот „Таргет- Тврдина“

13.09.2018 15:09

Причина- промена на судечкиот состав по одлуката на Апелација по жалбата за судењето во отсуство на Горан Грујевски за предметот „Трезор“ и спојување на постапката за обвинетата Гордана Јанкулоска.

Судот го одложи денешното рочиште за предметот „Таргет- Тврдина“ за незаконско следење на комуникациите. Судењето ќе почне од почеток.

Причина- промена на судечкиот состав по одлуката на Апелација по жалбата за судењето во отсуство на Горан Грујевски за предметот „Трезор“ и спојување на постапката за обвинетата Гордана Јанкулоска.

Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Грујевски, вработениот во УБК, Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска и екс- директорот на УБК, Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.