УЈП

Нов начин на поднесувње даночна пријава

13.09.2018 15:23

Мора да се регистира секој што остварува приходи по било кој основ, вклучувајќи ги и пензионерите. Граѓаните да не стравуваат, мобилни шалтери на УЈП ќе одат и до најодалечените места и ќе ги посетуваат, убедуваат од УЈП. Според директорката Лукаревска, целта не е казнување туку олеснување на процесот на пополнување на пријавите преку новиот модел за пријавување данок...

Пензионерите нема да бидат изземени од реформата на УЈП. И тие ќе треба да научат како да се регистрираат на електронскиот систем Е- песонален данок, а потоа УЈП ќе им ја пополни даночната пријава.

Од Управата велат дека ќе има мобилни тимови кои ќе им помагаат на граѓаните да се снајдат со оваа новина и оти тие ќе ги посетат сите населени места. Директорката Лукаревска вели дека намерата не им е да казнуваат, туку да го олеснат процесот на пополнување на пријавите.

Сепак, дел од пензионерите со коишто разговараме велат дека никогаш не научиле како да користат интернет или компјутер. Посочуваат оти ова им претставува дополнителна обврска која ќе ги чини и пари, затоа што според новите правила, оние кои не знаат како да се регистрираат ќе треба да обезбедат полномошник.

УЈП наскоро ќе почне кампања. Ќе бидат отворени телефонски линии и интернет- станица.

 

Викторија Милевска