Трибина на европското движење

За Македонија е клучно да изгради функционална демократија

13.09.2018 15:49

Европското движење ја разгледа состојбата со проширувањето на Унијата. Оттаму оценуваат дека кризите се причина за подемот на екстремно десните и левите партии. За земјава, препорака да изгради функционална демократија...

На Европската унијa ѝ претстојат избори и оттаму постои загриженост од напливот на мигрантите и загрозување на националниот идентитет. Експертите велат, очигледен е подемот на екстремно десните, но и на левите политички сили кои се противат на проширувањето со Западен Балкан.

За Македонија е клучно да изгради функционална демократија, да ги спроведе реформите и да обезбеди меѓуетничка хармонија. „Европа меѓу кризите и реформите“ беше поттик за соговорниците на трибината.

Иднина или изолација, во контекст на актуелните стремежи за прекројување на границите, тоа е изборот за нашата земја, сметаат панелистите. Според нив, секако, нема алтернатива на евроатлантските интеграции.

Преговорите за членство во ЕУ се долготраен процес што бара професионалци. Од трибината порачаа, словенечкиот модел е успешен спој на институциите и граѓанското општество.

 

Игор Панов