ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од дебата, а зборува за европски вредности

13.09.2018 15:52

Дебатата е највисок дострел на демократијата. Фактот што Заев бега е доказ дека истиот е лажен демократ, но и дека нема аргументи да го одбрани капитулантскиот договор со Грција.

На настапот на Заев во Стразбур реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, лицемерно е Зоран Заев, човекот што бега од дебата, да зборува за европски вредности.

Дебатата е највисок дострел на демократијата. Фактот што Заев бега е доказ дека истиот е лажен демократ, но и дека нема аргументи да го одбрани капитулантскиот договор со Грција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, дрско и безобразно е да се зборува за европски вредности од Европскиот парламент, а во суштина во сопствена држава да правиш криминал, да поддржуваш непотизам и да пропагираш подмитување на гласачи како нормална практика.