Бушати со поддршка за Преспанскиот договор
Министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати во посета на земјава. Даде поддршка за Преспанскиот договор. По средбата со колегата Димитров, заклучиле дека е потребно подобро инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, кои се стремат да станат членки на Европската унија...

Албанскиот шеф на дипломатијата со поддршка на Договорот од Преспа. Бушати ги повика сите граѓани, особено македонските Албанци да излезат и потврдно да се изјаснат на претстојниот референдум. За Македонија и за Албанија е суштинско поврзувањето преку Коридорот осум, создавање поинклузивна средина, вели шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, според кого Законот за употреба на јазиците треба што поскоро да стапи во сила.
Министерот Димитров ја нагласи силната меѓународна поддршка- интензивните посети на европските и на светските дипломати на земјава. Претстојната посета на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на Македонија ја покажува важноста на евроатлантските интегративни процеси за Вашингтон, заинтересиран за балканската стабилност.
Македонија мора да се соочи со предизвиците и да ги затвори прашањата со соседите. Ова е шанса не само за земјава, туку и за Балканот и за цела Европа, за да се напредува кон стабилноста, пред сѐ нашата, како и регионалната, дополни Димитров.
Наташа Гркова- Петрушевска
