МПЦ-ОА: Граѓаните се политички зрели и слободно по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот

13.09.2018 16:37

Преку писмено соопштение наведуваат- „ја изразуваме својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на референдумот, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“.

Светиот архиерејски синод на МПЦ- Охридска архиепископија разговарал за претстојниот референдум. Оттаму, преку писмено соопштение наведуваат- „ја изразуваме својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на референдумот, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“.

Синодот на седницата разговарал и за подготовките за Архиепископскиот црковно-народен собор кој ќе се одржи од 5-ти до 7-ми октомври.