Љубљана

Словенија доби нова, малцинска влада

14.09.2018 10:33

Премиерот истакна дека Владата ќе биде фокусирана на унапредување на здравствениот систем, намалување на бирократските трошоци и обезбедување стабилен економски амбиент во Словенија.

Пратениците во словенечкиот Парламент изгласаа нова, малцинска влада на Лев центар на премиерот Марјан Шарец. Од вкупно 90 пратеници, за новата влада гласаа 45, 34 беа против, а 11 беа или воздржани или отсутни.

Премиерот истакна дека Владата ќе биде фокусирана на унапредување на здравствениот систем, намалување на бирократските трошоци и обезбедување стабилен економски амбиент во Словенија.

Досегашниот премиер Миро Церар ќе биде шеф на дипломатијата, а досегашниот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, министер за одбрана.