Германскиот министер за европски прашања Рот во Македонија
Тој заедно со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Димитров и заменик- министерот за животна средина, Макрадули ќе учествуваат на дебата „Македонија на патот кон ЕУ“, на која ќе ги објаснат придобивките од членството во Унијата за екологијата и одржливиот развој.

Во Охрид денеска пристигнува германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот. Тој заедно со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Димитров и заменик- министерот за животна средина, Макрадули ќе учествуваат на дебата „Македонија на патот кон ЕУ“, на која ќе ги објаснат придобивките од членството во Унијата за екологијата и одржливиот развој.
Дебатата е организирана од Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Рот ќе ги посети знаменитостите на Охрид и националниот парк „Галичица“.
