Берлин

Маас во последен обид да ја спречи офанзивата во Идлиб

14.09.2018 11:35

Хајко Маас се очекува денеска да се сретне со рускиот министер Сергеј Лавров, во последен обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката сириска област Идлиб.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас се очекува денеска да се сретне со рускиот министер Сергеј Лавров, во последен обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката сириска област Идлиб.

Се проценува дека во Идлиб има околу три милиони жители, и дека, во случај областа да падне под сириска контрола, околу милион од нив може да се упатат кон Европа.