Ракомет

По три бода во Нашице

27.02.2014 16:02

Ракометарите на Металург денеска заминаа за Хрватска каде ќе одиграат СЕХА натпревар со тимот на Нексе 8-миот на табелата.

И на обете екипи ова ќе им биде 14-то коло. Победа, момците на Червар ги носи место погоре 4-ти, со исто бодовно салдо 28 како градскиот ривал Вардар кој е на третото место.

Инаку четирите тима од врвот и натаму истите, Загреб О. лидерот кој брои 37 бода по 15 одиграни партии, по него со минус 4 бода и натпревар помалку е тимот на Татран, трет е Вардар со 28 собрани бода по 14 кола. 4-тата позиција ја држи сега за сега белоруски Мешков со еден бод помалку од црвено-црните, а два повеќе од металурзите.

Триумф во Нашице за македонските сини би значело убав исчекор кон завршната регионална 4-ка.

Дуелот Нексе-Металург е закажан за вечерва во 19 часот.