Украина пред граѓанска војна
По најновите случувања на Крим, каде што вооружени лица од руско потекло ги зазедоа владата и парламентот во Симферопол и го кренаа руското знаме, единството на земјата, а не економијата пред колапс стана приоритет на новата украинска власт. Преодниот претседател Турчинов ја предупреди Русија да се воздржи од „воена агресија“, а војниците од нејзината Црноморска флота да не излегуваат од воената база во Севастопол. Преодниот премиер Јаценјук рече дека Киев нема да испраќа војска.

Мојата прва порака е: без војнички чизми на земјата. Украинското министерство за одбрана и одделот за домашна безбедност е способен да си ја работи работата. И верувам дека ќе најдеме политичко решение.-Арсениј Јаценјук, новоназначен премиер на Украина
Истовремено, во западниот дел од Русија, близу до украинската граница, втор ден се одвиваат масовните воени вежби со 150 илјади војници, 120 бродови и 90 авиони во воена состојба.
Врховниот командант Путин нареди проверка на подготвеноста на војската за кризни ситуации опасни за воената безбедност на Русија, можен тероризам и други итни ситуации.-Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија
Додека Москва е загрижена поради, како што го оцени, масовното кршење на човековите права, НАТО, на средбата посветена на Украина, стравува од развојот на настаните на Крим.
Апелирам до Русија да не презема акции што ќе доведат до ескалација или недоразбирања. Новото украинско раководство да продолжи со напорите за создавање инклузивен политички процес, а сите партии да не влегуваат во судири, да се воздржат од провокации и да му се вратат на дијалогот.-Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО
И САД ја предупредија Москва, а Европскиот парламент со резолуција побара воздржаност од двете страни. Од се уште непозната локација провоцира соборениот Јанукович, кому Кремљ му понуди заштита –и натаму тврди дека е претседател, а новата украинска власт ја обвини за тероризам и државен удар.
Ивана Салтировска