НАТО интеграцијата отвора перспективи за Македонија
На четвртиот форум што го организира УСАИД преку проектот за граѓанско учество, во Битола се одржа панел дискусија на која учествуваа претставници на странските амбасади, на институциите, аналитичари и експерти кои преку отворена дебата со граѓаните ги анализираа придобивките од НАТО интеграцијата на Македонија.

Рферендумот кој треба да се одржи на 30- ти септември е најважното што се случува во поновата историја на Македонија. Затоа, важно е граѓаните да бидат информирани и запознати кои се предизвиците и придобивките од НАТО интеграцијата.
Пред 27 години, по распадот на Југославија и двете земји јасно кажаа дека главна цел им е да станат дел од европското семејство. Хрватска успеа на тој пат и затоа ви пренесувам дел од придобивките, рече на јавната дебата амбасадорката Данијела Беришиќ.
На панел дискусијата со свои ставови и македонските експерти. На дебатата отворено се дискутираше за Договорот со Грција, а посебен акцент беше ставен на бенефитот што го носи НАТО интеграцијата.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива која се стреми за зајакнување на демократските институции и практики и придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.
Стевче Митревски
