крос - кантри
Заврши сезоната за Ковалчик
27.02.2014 16:07
Двократната олимписка шампионка во крос - кантри Јустина Ковалчик ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната поради повреда. На полската натпреварувачка и е констатирана скршеница на стапалото, а тоа значи дека и претстои подолг период на рехабилитација.

На неодамна завршените Зимски олимписки игри во Сочи, Ковалчик го освои златниот медал во трката на десет километри класично. Пред четири години во Ванкувер таа беше најбрза на 30 километри, исто така во класичен стил. Ковалчик има и две круни од Светското првенство во Либерец во 2009-та, на 15 километри потера и на 30 километри слободно.
