Американскиот секретар за одбрана Матис во посета на Македонија

17.09.2018 10:50

Американскиот секретар за одбрана се очекува во обраќањето во Владата да упати охрабрување до граѓаните да излезат на референдумот...

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пристигна утрово во прва официјална посета на Македонија. На Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска со највисоки воени почести.

Првиот човек на Пентагон ја повтори американската поддршка за членството на Македонија во НАТО и се заблагодари за придонесот на македонските војници во мировните операции.

Матис на средбите со премиерот Заев и со министерката Шекеринска разговарал за стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, што ќе продолжи и кога земјава ќе стане 30-та земја членка на Алијансата.

Американскиот секретар за одбрана се очекува во обраќањето во Владата да упати охрабрување до граѓаните да излезат на референдумот и да ја поддржат евроатланската иднина на Македонија.