ЖРК Вардар СЦБТ на куглање со децата од ДСУ Св. Наум Охридски
На ден пред заминувањето за Данска, каде што ќе го играат натпреварот од 4 коло од Лигата на шампионите против Митјиланд, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ одвоија од слободното време за дружење со учениците од ДСУ за образование и рехабилитација Св. Наум Охридски. Тоа го сторија во пријатен амбиент во кугланата во спортскиот центар “Борис Трајковски“ или само еден спрат подолу од местото на кое сезонава остварија голем број победи, на големо задоволство на многубројните љубители на ракометот, со што станаа вистински идоли на голем број ученици.

“За овие дечиња, дружењето со нивните идоли претставува исполнување на нивните желби. Искрено им се заблагодарувам на сите од ЖРК Вардар СЦБТ, за несебичната поддршка која им ја дадоа на овие дечиња, и се надевам дека оваа активност на клубот ќе претставува пример за останатите спортски колективи “ – изјави Стојче Андев, директор на училиштето.
“Убаво е чувството кога ќе ги видите широко насмеани овие детски лица, на кои им ги исполнувате желбите и им носите радост“ – беа зборовите на Јованка Радичевиќ, една од најдобрите ракометарки на Вардар.
“ЖРК Вардар СЦБТ од срце ги сака и секогаш ќе мисли на децата кои имаат потреба од секаква помош. Ќе работиме и во иднина како сериозен партнер, кој континуирано ќе ја дава својата безрезервна поддршка на децата, за подобрување на квалитетот на нивното живеење“ – изјави Ана Михајловска, директорка на ЖРК Вардар СЦБТ.