Горивата поскапуваат од полноќ

17.09.2018 12:44

Литар дизел ќе се точи за 66 денари. Цената на бензинот од 98 октани не се менува и ќе изнесува 74 денари. За половина денар поскапува бензинот од 95 октани и ќе се продава за 72,5 денари, а повисока цена има и мазутот.

Горивата поскапуваат од полноќ, цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар. Литар дизел ќе се точи за 66 денари. Цената на бензинот од 98 октани не се менува и ќе изнесува 74 денари.

За половина денар поскапува бензинот од 95 октани и ќе се продава за 72,5 денари, а повисока цена има и мазутот.

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 1,58 проценти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, како резултат на поскапата сурова нафта на светските берзи.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели бил понизок.