Јагиелка ја пропушта Данска
Поради повреда, Фил Јагиелка нема да игра во контролата против Данска наредната недела. Одбранбениот играч на Евертон нема да настапи и за својот клуб против Вест Хем во Премиер лигата оваа сабота, а неизвесен е и за дуелот со Арсенал на 8-ми март во четвртфиналето на ФА Купот.
Јагиелка има 24 натпревари во дресот на англиската репрезентација, а извесно е дека ќе остане на таа бројка и по мартовскиот термин за пријателски средби.