Британскиот министер за Европа, Данкан во посета на Македонија
Британскиот министер ќе оствари средба и со шефот на дипломатијата Димитров. На средбата ќе се разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби, евроатлантските интеграции...

Mинистерот за Европа и Америка во британскиот Форин офис, Сер Алан Данкан, во работна посета на Република Македонија. Ќе има средба со вицепремиерот анѓушев. Ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
Британскиот министер ќе оствари средба и со шефот на дипломатијата Димитров. На средбата ќе се разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби, евроатлантските интеграции, регионалната соработка, но и за подготвките пред референдумот на 30-ти септември.
Посетата на Данкан е уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји, особено по историската посета на Британската премиерка, Тереза Меј пред четири месеци.
