Шефот на германската дипломатија во посета на Македонија
18.09.2018 10:52
Маас е третиот висок германски функционер, кој доаѓа во земјава во изминатите десетина дена во пресрет на референдумот...

Во посета на Македонија е и шефот на германската дипломатија Хајко Маас. Ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, а ќе говори и на панел дискусијата посветена на eвропскиот пат на Македонија.
Маас е третиот висок германски функционер, кој доаѓа во земјава во изминатите десетина дена во пресрет на референдумот. Канцеларката Ангела Меркел беше во Скопје на 8-ми септември, на Денот на независноста, а пред неколку дена во земјава беше и германскиот министер за Европа, Михаел Рот.
