ПЈОНГЈАНГ
Средба на лидерите на двете Кореи
18.09.2018 10:00
Дводневната посета е подготовка за разговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон чијашто цел е да се стимулира таканаречената „нуклеарна дипломатија“.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае- ин пристигна во Пјонгјанг на трет состанок со лидерот на северна Кореја Ким Јонг-ун.
Дводневната посета е подготовка за разговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон чијашто цел е да се стимулира таканаречената „нуклеарна дипломатија“.
Првите две меѓукорејски средби беа одржани во пограничното село Панмунџом.
