Тројно се зголемува социјалната помош
Од почетокот на идната година, четиричлено домаќинство во социјален ризик, со едно работно неспособно лице, месечно ќе добива по 11.700 денари. Се воведува и детски додаток...

Семејствата во социјален ризик од идната година ќе добиваат трипати повисока социјална помош. Ова е предвидено со новата реформа, преку која ќе се одвојуваат по 10.600 денари за четиричлено семејство.
Министерката Царовска вели дека работоспособните ќе добијат преквалификација и доквалификација за да се вратат на пазарот на труд, но ако одбијат работа, ќе го изгубат правото на социјална помош. Се зголемува опфатот на детскиот додаток.
Министерот за финансии, Тевдовски соопшти дека за спроведување на реформата за идната година се одвоени 2,2 милијарди денари.
Тевдовски посочи дека со новите задолжувања се враќат стари долгови со високи каматни стапки, и се реализираат планираните капитални инвестиции и продуктивни трошења.
Дијана Ценевска
