СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на минатото

18.09.2018 14:57

Според владејачката партија, не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори...

Поднесувајќи неосновани кривични пријави, кои немаат никаков основ, ниту пак цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сѐ уште останува заглавена во матрицата на минатото, кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави, реагираат од СДСМ.

Според владејачката партија, не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори. Оттаму уверуваат дека слободното гласање на граѓаните на референдум е загарантирано и обезбедено, а нивната волја ќе се почитува.