Дебата за гасоводот на Водно
Екологистите и власта на заедничка маса. Ги спротивставија аргументите за влијанието на гасоводот низ Водно врз животната средина...

Екологистите и власта и по втората јавна дебата останаа на спротиставени ставови за изградбата на гасоводот низ парк- шумата на Водно. Од иницијатива „Го сакам Водно“ предлагаат алтернативна делница која ќе минува низ пасишта и земјоделско деградирано земјиште. Според нив, доколку актуелниот проект се спроведе ќе има негативни ефекти врз природата.
Од Владата, пак, потенцираат дека ја ревидирале трасата на гасоводот со цел двојно да се намали сечата на дрвјата. Сметаат дека бенефитот од гасоводот ќе го почуствуваат жителите на Полошкиот регион, како и општините Сарај и Сопиште, а ќе се намали користењто на огревно дрво.
Сепак, сите страни се согласија дека дебатите се корисни.
Игор Панов
