Баздникин: Одлуките да бидат донесени во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава

18.09.2018 16:57

Новиот руски амбасадор Сергеј Баздникин, оценил дека земјава доживува клучен момент во својата историја. Посочува оти од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на Македонија.

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Русија. Сергеј Баздникин оценил дека земјава доживува клучен момент во својата историја. Посочува оти од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на Македонија.

„Од голема важност е тие одлуки да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава, да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните, а не да бидат наметнати однадвор“, изјавил новиот руски амбасадор во земјава.

Иванов, пак, оценил дека евроатлантските интеграции се од национален интерес на земјава, но оти се придава големо значење на севкупното продлабочување на односите со Русија.