Утре средба Заев- Пенс во Вашингтон
19.09.2018 10:36
Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија...

Премиерот Зоран Заев утре во Вашингтон ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти денеска владината прес-служба.
Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопштуваат од Владата.
Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
