Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдумот
За отфрлање на иницијативата глаасаа седум уставни судии, а „за“ беа двајца- Елена Гошева и Јосиф Јосифовски. Според судијката Гошева, одлуката за распишување на референдум содржи повеќе правни недостатоци...

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30-ти јули 2018-та година.
За отфрлање на иницијативата глаасаа седум уставни судии, а „за“ беа двајца- Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.
Според судијката Гошева, одлуката за распишување на референдум содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа.
Судијата Дарко Костадиновски, пак, кој смета дека не треба да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум, речедека има правни недостатоци, но тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.
Подносители на иницијативите за оценување на уставноста се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.
