Вести од светот

27.02.2014 16:23

Деветмина Загинати во експлозија во Доха

9 лица загинаа, а 32 се ранети во експлозија на гасни инсталации во трговски центар во главниот град на Катар, Доха. Тројца од ранетите се во критична состојба. Експлозијата предизвикала и голема материјална штета, а се случила во ресторан зад трговскиот центар, во близина на бензинска пумпа. Во тек е истрага за несреќата. На местото на злосторството бил и шеикот Абдула ал Тани.

Втора компромитирачка аудио снимка на којашто се слуша глас којшто наликува на гласот на турскиот премиер Ердоган се појавила на интернет.. Снимката ја објавила личност којашто се крие зад псевдонимот Харамзаделер. Во снимката гласот на Ердоган бара од синот да не ја прифаќа понудената сума пари за некаква работа, туку да чека повисока понуда. Од кабинетот на премиерот велат дека снимката е лажна. Граѓаните со различни мислења.

„Се наближуваат изборите, нели? Ова е заговор против владата. Зошто до сега не се појави вакво нешто? Нема да има друга ваква влада. Оваа е најдобрата досега“.- граѓанин

Претседателот на Венецуела, Мадуро соопшти дека за време на антивладините протести во земјата, во последните две недели, загинале над 50 лица и за тоа ги обвини т.н. „фашистички групи“. Во Каракас синоќа повторно се собраа повеќе стотици луѓе, главно жени, предводени од сопругата на притворениот опозициски лидер Леополд Лопес, изразувајќи незадоволство од начинот на кој власта се однесува кон демонстрантите.

Три лица загинаа и уште три се повредени кога се урнал авион на хавајскиот остров Ланаи. Несреќата се случила во близина на аеродромот на островот, непосредно по полетувањето. Двајца од повредените се во критична состојба. Властите не соопштуваат повеќе детали за причините за несреќата, нити точниот број на патници во леталото.   

Марина Автовска