Владата нема да ја коментира одлуката на Уставниот суд
19.09.2018 13:25
Владата во ниту една ситуација нема да толкува одлуки на Уставен суд, изјави денеска владиниот портпарол Бошњаковски...

Владата во ниту една ситуација нема да толкува одлуки на Уставен суд, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ја коментира одлуката на уставните судии за отфрлање на иницијативата за оспорување на референдумот.
Тоа што имавме ние да го кажеме за референдумот го кажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско право на еден граѓанин во една слободна демократија, рече Бошњаковски.
