Меѓуинституционално координирање за ефикасно справување со кризи
Реформите за интеграција во северноатлантската алијанса се тековни. Во нив спаѓа и раното предупредување и справувањето со ризиците. На Водно до 20-ти септември се одржува вежбата „Сеопфатен одговор“.

Инженери од Вермонтската армија ги обучуваат македонските надлежни институции за справување со кризи, со акцент на брзо и ефикасно меѓуинституционално координирање. Веќе 20 години во Македонија, обезбедувале експерти за и обуки, координирале вежби.
Како земјата ќе напредува кон НАТО, подобрувањето на меѓусекторската соработка ќе биде клучна, смета генерал- мајор Стивен Креј.
Извлековме поука по двете тешки кризи во 2015-та и 2016-та година во тетовскиот и скопскиот регион, со изгубени животи на граѓани, рече заменик- министерот за одбрана Беким Максути. Според него, не само квалитетни подготовки, важен е и сеопфатен одговор за успешно справување со какви било непогоди.
Менаџирањето со кризи и катастрофи предизвикани од човечки фактор, институциите ќе го унапредуваат преку дигитална алатка за просторно прикажување податоци во реално време.
Интернет- алатката, дел од денешната вежба „Сеопфатен одговор- Водно 2018“.
Наташа Гркова- Петрушевска
